Македонија беше втора земја во 2015-2016 година, веднаш после Хрватска која легализираше медицински канабис. Шест години подоцна состојбата е очајна, има седумдесетина фирми од кои 98 проценти извозно ориентирани, кои работат со загуба поради лоши државни политики, нема легален канабис на пазарот, црниот пазар се зголеми бидејки државата сега признава дека има лечебни ефекти, а не овозможува пристап до квалитетен легален канабис. Ова го тврдат од Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА кои бараат целосна легализација на канабис.
– Целосна легализација која би довела до дестигматизација на уживателите, легален пристап до квалитетен канабис на пациентите и прекин на нивниот прогон и економски бенефит за производителите, државата и граѓаните. Како активисти економскиот бенефит ни е добредојден, но за нас е секогаш секуднарен. Во овој момент сум член на работна група при Влада на Република Македонија која работи на либерализација на легислативата поврзана со канабис, меѓудругото и овозможување соодветни услови за економски придобивки од легализацијата на канабисот.Не е тајна дека легализацијата на канабисот се повеќе зема замав и станува светски тренд. Моделите се различни а ние треба да го најдеме оној кој нам најмногу ќе ни одговара, вели адвокатот Јанаки Митровски еден од претседателите на здружението Билка.
Тој вели дека доколку сакаме да развиваме туризам базиран на слободно консумирање канабис, тогаш би требало да се примени микс од чешко- холандски модел. Дозволено консумирање во кофишопови или на строго посочени јавни места- пример одредени паркови. И тука не треба да се таргетира само директниот приход од продажба на канабисот и акцизата и арачот кои државата би ги собрала. Секој наплив на туристи носи директен бенефит и за хотелска индустрија, транспорт, угостителски објекти, ноќни клубови итн.
-Сто и педесет илјади луѓе во Македонија се занимаваат со земјоделство. Оваа земја цели да влезе во ЕУ, а таму субвенции се екстремна реткост и тоа по екстремна процедура. Оваа држава треба да се запраша што со тие луѓе откако ќе влеземе во ЕУ. Зашто не би се преорентирале кон гаење на индустриски коноп, кога објективно медицинскиот канабис подразбира високи услови, а за рекреативниот предалгаме секој да има можност сам да го одгледува, истакнува Митровски.
Колорадо (сојузна земја со само двојно население од Македонија) само во февруари и март годинава заработила 374 милиони долари, споредено со безмалку двесте милиони за истите два месеца лани.
-Сојузната држава Илионис исто така не премногу поголема од Македонија која го легализираше и рекреативниот канабiс во јанауари лани за 2020та година заработи над една милијарда долари, од кои 669 милиони од продажба на канабис за рекреативна употреба и 366 милиони од продажба на ланабис за медиицнска употреба, посочуваат од Билка.
Редакција Пари