На почетокот на пандемијата на короната, ЕЦБ забрани финансиски институции од еврозоната да плаќаат дивиденда на нивните акционери. Ова би требало да обезбеди стабилност на банките. Со предвидливо олеснување на ситуацијата, централните банкари би можеле повторно да ги олеснат условите.
Регулаторната банка – Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе го олесни замрзнувањето на дивидендите за финансиските институции воведени по избувнувањето на корона криза.
Во иднина, на институциите, најверојатно, ќе им биде дозволено да дистрибуираат до 15 проценти од нивната кумулативна добивка 2019/2020 ако ги убедат регулаторите дека можат да си го дозволат тоа.
Портпаролката на ЕЦБ одби да ги коментира информациите.
Банкарскиот надзор на ЕЦБ побара од финансиските институции во еврозоната да се откажат од распределбата на профитот поради кризата која ја создаде короната.
Европската централна банка е одговорна за надзор над главните институции во еврозоната од есента 2014 година.
Минатата недела, британската централна банка веќе им дозволи на банките во земјата повторно да дистрибуираат дивиденда. Сепак, Банката на Англија исто така постави ограничувања. Дивидендите не треба да надминуваат четвртина од профитот за 2019 и 2020 година.
Еврозоната страда многу од последиците кои ги предизвика вториот бран на пандемијата и мерките кои ги наметнаа владите за ограничување на стапката на инфекција. Експертите шпекулираат дека како резултат, некои компании – на пример од услужниот сектор – би можеле да имаат потешкотии во отплатата и да го зголемат бројот на лоши заеми во билансите на банките. Но, надежите дека вакцината наскоро ќе биде достапна, дава позитивен економски аспект за следните години.
За 2022 година, ЕЦБ очекува економски раст од 4,2 проценти по 3,9 проценти за 2021 година. Во вторник, надзорните органи на ЕЦБ повторно ќе го решаваат прашањето за дивиденда, велат упатените.