ПОВЕЌЕ

    Животниот циклус на една банка – од основање до стечај

    Време зa читање: 6 минути

     

    Основање и работење на банка

    Банка се основа како акционерско друштво со седиште во Република Македонија. Акционер на банка може да стане домашно и странско правно и физичко лице. Банка се основа со почетен капитал од 310.000.000 денари. Почетниот капитал и сите натамошни зголемувања на почетниот капитал мора да бидат само во паричен облик и да бидат уплатени во целост. Во Трговскиот регистар целосно уплатениот почетен капитал се впишува како основна главнина. Банката е должна да ја одржува вредноста на почетниот капитал. Гувернерот издава дозвола за основање и работење на банка.

    Банката е должна да располага со адекватно ниво на сопствени средства во зависност од природата, видот и обемот на финансиските активности и висината на ризиците кои произлегуваат од извршувањето на тие активности (адекватност на капиталот). Банката е должна да работи на начин кој ќе овозможи постојано да биде способна да ги исполни сите обврски (солвентност). Стапката на адекватност на капиталот го претставува односот меѓу сопствените средства и ризично пондерираната актива. Сопствените средства на банка не смеат да изнесуваат помалку од износот на почетниот капитал пропишан со Законoт за банките. Банката е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8%.

    За обезбедување од потенцијалните и/или настанатите загуби кои произлегуваат од конкретни ризични активни билансни и вонбилансни позиции, банката е должна да изврши исправка на вредноста, односно да издвои посебна резерва. Во спротивно, за износот на неиздвоената исправка на вредност се намалуваат сопствените средства, со што се намалува стапката на адекватност на капиталот. Гувернерот презема мерки спрема банка или акционер на банка, меѓудругото, и кога:

    • стапката на адекватност на капиталот и/или сопствените средства на капиталот се под пропишаните во согласност со Законoт за банките, и
    • нема издвоено потребно ниво на посебни резерви, односно не е извршена соодветна исправка на вредноста на активата на банката.

     

    СТЕЧАЈНА ПОСТАПКА

    Решение за исполнување на условите за отворање на стечајна постапка во банка донесува гувернерот. Услови за воведување на стечајна постапка во банка постојат, меѓудругото, кога банката е несолвентна. Банката е несолвентна кога:

    1) стапката на адекватноста на капиталот е пониска од една четвртина од пропишаната во Законoт за банките или

    2) е неспособна да ги плаќа пристигнатите обврски непрекинато подолго од десет дена.

    Предлог за отворање на стечајна постапка на банка до надлежен суд може да поднесе само гувернерот, во согласност со Законoт за банките. Предлог за отворање на стечајна постапка на банка до надлежниот суд се поднесува првиот работен ден од денот на донесувањето на решението за исполнување на условите за отворање на стечајна постапка во банка. Кон предлогот за отворање на стечајна постапка на банка до надлежниот суд задолжително се приложува и решението на гувернерот за исполнување на условите за отворање на стечајна постапка во банка. Судот донесува решение по предлогот за отворање стечајна постапка на банка најдоцна во рок од три работни дена од приемот на предлогот, без спроведување на претходна постапка. Со денот на донесувањето на решението за исполнување на условите за отворање стечајна постапка од страна на гувернерот, па се до правосилноста на решението на судот со кое се отвора стечајна постапка кај банка, заради зачувување на имотот на банката, гувернерот донесува решение за именување на најмалку еден овластен работник во банката.

    Решението за исполнување на условите за отворање стечајна постапка на банката се доставува до банката која ги исполнува условите за отворање на стечајна постапка, банката која ја презела исплатата на осигурените депозити, Фондот за осигурување на депозити и Министерството за финансии, во рок од три дена од денот на донесувањето. Народната банка е должна да го објави решението за исполнување на условите за отворање на стечајна постапка во банка во средствата за јавно информирање и да го огласи на видно место во банката. За стечаен управник на банка може да биде именувано лице кое ги исполнува условите предвидени во Законот за стечај и кое согласно со одредбите од овој закон ги исполнува условите за член на управен одбор на банка.  Ако во текот на стечајната постапка се појават услови за разрешување на стечајниот управник, судот за именување на новиот стечаен управник е должен да обезбеди мислење од гувернерот. Гувернерот е должен да го достави мислењето во рок од три дена од добивањето на барањето од судот.

    Стечајниот управник е должен во рок од десет дена по објавувањето на огласот за отворање на стечајна постапка во “Службен весник на Република Македонија”, записнички да ја утврди состојбата на сите побарувања и обврски на банката во стечај на денот на отворањето на стечајната постапка на банка и записниците да и ги достават на Народната банка. Народната банка ги проверува записниците и е должна да му ги достави на судот кој ја води стечајната постапка и на Фондот за осигурување на депозити, најдоцна во рок од десет дена по приемот.

    Рокот за пријавување на побарувањата на доверителите, одреден со решението на судот за отворање на стечајна постапка на банка, не може да биде подолг од 20 дена. Рокот не се однесува на побарувањата на правни и физички лица по основ на депозити во банката и се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка на банката.

    Со денот на отворањето на стечајната постапка престануваат побарувањата на физичките лица од банката во стечај по основ на депозит до висината на осигурениот износ на депозитот во согласност со Законот за Фондот за осигурување на депозити. Пред исплатата на доверителите од стечајната маса се издвојува дел на средства за трошоци на постапката, вклучувајќи ги и трошоците на банката која ги презема работите со влоговите во банка од банката во стечај.  Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

    Секоја продажба на имотот на банката во стечај претходно треба да биде одобрена од страна на одборот на доверители. Доколку по завршувањето на стечајната постапка и намирување на сите побарувања на доверителите останат средства во стечајната маса, средствата се делат меѓу акционерите на банката.

    Кривични дела

    Предизвикување стечај на банка

    Тој што со своето работење ќе ги прекрши одредбите од Законoт за банките, со што ќе придонесе за отворање на стечајна постапка кај банка и ќе предизвика штета за доверителите на банката, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако делото го изврши правно лице ќе се казни со парична казна. Судот ќе му изрече на сторителот и забрана за вршење на професија, дејност или должност под услови определени во Кривичниот законик.

     

    Бонитети на фирми

    Еден од основните начини како да се намали ризикот од работење со презадолжени фирми е оцената на бонитетот на тие фирми – но пред да почне деловната соработка.

    Оценката на бонитетот треба да покаже која фирма нема способност за плаќање (инсолвентна) и која фирма е презадолжена.

    Фирмите треба континуирано да го оценуваат бонитетот на своите деловни партнери.

    Во Македонија лидер во изработка на бонитетни извештаи е компанијата Таргет Груп ДОО Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично