ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје со годишен профит од 38,5 милиони евра

    Време зa читање: 7 минути

    Во услови на тековното економско окружување и конкурентните услови на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст СБ) уште еднаш успеа да донесе забележителни резултати. Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година СБ оствари нето добивка за финансиската година во износ од 2.371.129 илјади денари, што е на исто ниво со добивката за 2018 година (доколку се исклучи влијанието на должникот Фени Кавадарци и со него поврзаната исправка на вредност објавена во 2018 година). соопшти банката преку Македонска берза.

    Биланс на успех

    Нето приходите од камати изнесуваат 3.611.054 илјади денари, односно се намалени 5,6% во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 6,7%, додека расходите од камата забележаа намалување од 12,7%.

    Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 825.790 илјади денари и се повисоки за 11,2% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.

    Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 91.300 илјади денари и се намалени за 13,2% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.

    Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 6,1%, додека останатите расходи од дејноста забележаа благо зголемување за 1,5%.

    Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 850.367 илјади денари што претставува намалување од 2,2% во однос на 2018 година.

    Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 763.510 илјади денари.

    Како резултат на подажба на превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања СБ покажа ослободување на исправка на вредноста во износ од 101.477 илјади денари во позицијата Загубата поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.

    Биланс на состојба

    Вкупната актива на СБ изнесува 99.687.500 илјади денари, која е повисока споредено со крајот на 2018 година за 9.145.913 илјади денари или 10,1%. Зголемувањето на активата е резултат на порастот на кредитите и побарувањата од други комитенти кои изнесуваат 66.498.099 илјади денари и се повисоки за 2.833.919 илјади денари или 4,5% во споредба со крајот на минатата година, како и на зголемувањето на паричните средства и парични еквиваленти кои споредено со крајот на 2018 година се повисоки за 2.549.741 илјади денари односно за 13,2%.

    Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 243.333 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2018 година од 46.244 илјади денари. Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 8.692.169 илјади денари и споредено со минатата година бележат зголемување за 2.822.226 илјади денари или 48,1%. Превземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 42.025 илјади денари. Во истиот период позицијата вкупни депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) која изнесува 83.115.776 илјади денари забележа пораст во однос на крајот на 2018 за 6.953.898 илјади денари или 9,1%. Капиталот и резервите изнесуваат 15.258.251 илјади денари при што е забележано зголемување за 18,0% во однос крајот на 2018 година.

    Вложувања или продажба на материјални средства(недвижности, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Недвижностите и опремата заклучно со 31.12.2019 година бележат намалување во однос на 2018 година за 36.273 илјади денари односно 4,1%, главно како резултат на пресметана амортизација.

    Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) Обврските по кредити изнесуваат 214.344 илјади денари и се помали во однос на крајот на 2018 година за 27,7% што се должи на отплатени доспеани рати по основ на кредитните линии.

    Стопанска банка АД – Скопје ќе го продолжи своето работење во рамките на зацртаната проекција на деловната политика, фокусирана пред се на обезбедување на понуда на производи и услуги наменети на своите клиенти, а истовремено ќе работи на воведување на иновации следејќи ги процесите и трендовите во светот. Исто така, Банката ќе продолжи со своите општествено корисни активности преку организирање на настани и манифестации од вредност и значење за пошироката општествена заедница.

    Очекувања за престојниот период

    Во текот на 2019 година домашната економија функционираше во релативно стабилно политичко и макроекономско опкружување. Растечките инвестиции и потрошувачка донесоа посилен економски раст споредено со претходните три години. Ова беше поддржано и од стабилниот финансиски систем и поволното надворешно опкружување.

    Последните расположливи податоци покажуваат дека Бруто Домашниот Производ во првите три квартали од 2019 година забележа раст од 3,6% во однос на истиот период од 2018. Главни двигатели на растот беа инвестициите и приватната потрошувачка, последново поддржано од зголемувањето на платите, пензиите и кредитите на население. Овде е потребна претпазливост бидејќи зголемувањето на платите, не земајќи ја предвид продуктивноста на трудот, врши притисок врз трошочната конкурентност на економијата. Освен тоа, претстојните парламентарни избори веројатно ќе го намалат потенцијалот за раст во 2020 година. Во услови на негативен производен јаз, индексот на потрошувачки цени во 2019 година се зголеми за 0,8%, главно воден од повисоките цени на храната. Во наредниот период, инфлацијата се очекува да се движи околу 2%. Постепената фискална консолидација продолжи и во 2019 година, иако треба да се биде претпазлив со социјалните реформи. Надворешната позиција во 2019 остана стабилна. Последните расположливи податоци со 30.09.2019 покажуваат умерен дефицит на тековната сметка од 13,1 милиони евра или 0,1% од БДП. Очекувањата за следниот период се кон умерено проширување на дефицитот. Банкарскиот систем останува солидно капитализиран, ликвиден и профитабилен, но потребни се напори за понатамошно ублажување на кредитниот ризик во контекст на намалување на високиот удел на кредити со валутна клаузула кај сегментот население.

    Известување за промени во сметководствените политики и методи на вреднување

    Податоците во приложените финансиски извештаи на Банката се изготвени во согласност со Законот за трговски друштва, Законот за банки, подзаконската регулатива пропишана од страна на Народна банка на Република Македонија (во понатамошниот текст “НБРМ”), како и во согласност со Одлуката за Методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи (во понатамошниот текст “Методологија“) („Службен весник на РМ“ бр. 83/2017) и Одлуката за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките („Службен весник на РМ“ бр. 83/2017), пропишани од страна на НБРМ и кои се во примена од 01 јануари 2018 година.

    Во рамки на Методологијата е пропишана обврската за пресметка на оштетувањето за кредитен ризик кој Банката е должна да го утврдува односно проценува и да признава исправка на вредноста/оштетување за очекуваните кредитни загуби на финансиските средства во согласност со Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик пропишана од НБРМ.

    Одлуката за управување со кредитен ризик (Службен весник на РСМ број 149/18) почна да се применува од 01.07.2019 год. Базирано на оваа одлука, за кредитни изложености Банката донесе посебна Процедура за класификација на кредитен ризик и исправка на вредност. За хартиите од вредност Банката започна со примена на новиот стандард ИФРС 9 порано, односно пред стапување во сила на одлуката за кредитен ризик, и почна да ја применува новата класификација од 01.01.2018год. Сепак, соодветно прилагодување на споменатата Процедура е направено согласно локалната регулатива.

    Исплатени дивиденди

    Банката донесе Одлука за утврдување на висината и начинот на исплата на авансна дивиденда за првата половина од 2018 година, со која се утврди исплата на дивиденда на имателите на обични и приоритетни акции. Притоа, на имателите на обични акции се исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 1.274.593.140,00 денари, односно бруто дивидендата по акција изнесуваше 73,00 денари, додека на имателите на приоритетни акции се исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 1.137.220,00 денари, односно бруто дивидендата по акција изнесуваше 5,00 денари – како аванс на дивиденда. Право на дивиденда остварија сите иматели кои се стекнале со акциите на СБ согласно датумот на пресек на акционерската книга, до 26.12.2018 година.

    Во продолжение, на имателите на приоритетни акции се исплати остатокот на дивиденда за 2018 година во вкупен бруто износ од 909.776,00 денари (за втората половина од 2018 година), односно бруто дивидендата по акција изнесуваше 4,00 денари. Право на дивиденда остварија сите иматели кои се стекнале со акциите на СБ согласно датумот на пресек на акционерската книга, до 12.06.2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично