ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ I САШЕ НИКОЛОВСКИ: Иновациите ја менуваат тутунската индустрија, наша мисија во БАТ е да создадеме свет без чад

    Време зa читање: 8 минути

    Тутунската индустрија во светот се менува, а British American Tobacco e компанија која активно е вклучена во оваа глобална трансформација.

    Со инвестициите во нови технологии и иновации во алтернативни помалку штетни* производи, како електронскиот уред glo и несогорливиот тутун, електронските цигари Vuse и никотинските ќесички Velo, компанијата нуди нови можности за корисниците на класичните цигари и на никотинот.

    Новата дигитална платформа ОМНИ, која месецов има регионална промоција, е резиме за посветеноста на БАТ за создавање на свет без чад и за улогата на алтернативните производи, поткрепени со анализи од независни научни истражувања и компаративни анализи.

    Нашата цел е оние што не пушат – никогаш да не започнат, оние што пушат – да ги охрабриме да се откажат, а за оние што не можат да се откажат – да обезбедиме помалку штетни* алтернативи засновани на научни истражувања и иновации, вели генералниот менаџер на British American Tobacco за Македонија, Косово и Албанија, Саше Николовски.

    Во интервјуто за Пари посочува дека присуството на БАТ во Македонија е силно, не само со производите, туку и со економскиот придонес преку директните и индиректни вработувања и учеството во приходите на државниот буџет.

    Пари: Како ја гледате трансформацијата на тутунската индустрија во наредните 5 до 10 години?

    Николовски: Индустријата се движи во насока на одржливост и технологија, со фокус на развој на производи со намален ризик. Kaко компанија, British American Tobacco, e посветена на научно поткрепени помалку штетни* алтернативи на класичните цигари. Следната деценија ќе биде клучна за оваа трансформација, при што иновациите и регулаторното усогласување ќе го одредат темпото.

    Токму месецов во Загреб на регионално ниво ја промовираме платформата ОМНИ. ОМНИ е резиме за посветеноста на БАТ за создавање на свет без чад и за помалку штетните* алтернативни производи, поткрепени со анализи од независни научни истражувања. ОМНИ дава одговори на сите прашања поврзани со алтернативните помалку штетни* производи. Овој обемен документ содржи информации од 82 пазари, околу 270  независни научни истражувања, 8300 одобрени патенти и над 600 публикации од разни асоцијации, од кои дел се и компаративни анализи на земји кои имаат прогресивни погледи кон алтернативните производи споредено со земји кои имаат повеќе традиционални сфаќања и дава увид во новите трендови и насоки на политиките низ различни земји и региони.

    Главната цел на ОМНИ е да се поттикне најпрво општествен дијалог помеѓу науката, регулаторите, медицината, индустријата и медиумите, но и да им се понудат реални сознанија на возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, да бидат информирани за алтернативните категории на производи на транспарентен и одговорен начин.

    ОМНИ e усогласен со концептот за „намалување на штетноста од тутун“ (tobacco harm reduction)  кој ни е водилка во процесот на трансформација на бизнисот и создавање на помалку штетни* производи пришто иновациите и науката водат кон „A Better Tomorrow™“ и создавање на свет без чад.  British American Tobacco e посветена на целта да станеме претежно бизнис без чад, а до 2035 година се надеваме дека над 50% од приходите ќе бидат токму од новите, помалку штетни* производи.

    Пари: Како ја позиционирате Македонија во глобалната стратегија?

    Николовски: Македонија е де факто помал пазар, но е еден од ретките пазари во БАТ, кој ја следи глобалната стратегија и каде што во 2024 година ги направивме достапни сите категории на никотински производи со намален ризик*: електронски уред glo и несогорлив тутун, електронските цигари Vuse за еднократна употреба, како и никотинските ќесички Velo.

    Со тоа се покажува дека нашата земја има потенцијал да биде еден од водечките примери за усвојување на иновативни пристапи во индустријата и можност да биде дел од прогресивните земји кои ги препознаваат бенефитите од иновациите во производите со намален ризик*. Благодарение на нашата флексибилност, силната локална мрежа и поддршката што ја добиваме од глобалните тимови, земјата ја гледаме како динамичен пазар кој може да служи како модел за имплементација на нови решенија во регионот.

    Анализата на последните податоци од работењето на македонскиот пазар пријатно не изненадија и нас. Новите иновативни помалку штетни* производи, електронските уреди glo и несогорливиот тутун, електронските цигари Vuse и никотинските ќесички Velo се добро препознаени и прифатени меѓу полнолетните потрошувачи.

    Пари: Кои се најголемите предизвици и можности во развојот на нови производи?

    Николовски: Најголемиот предизвик за индустријата е разбирањето и прифаќањето на новите производи од страна на јавноста и регулаторите. Од друга страна, можноста лежи во тоа што милиони пушачи би можеле да преминат на помалку штетни* алтернативи – тоа е и нашата мисија.

    Целосно сме свесни за перцепцијата која ја имаат потрошувачите и регулаторите за новите производи, знаеме дека во моментов немаат многу информации, и од наша страна постои разбирање со оглед на тоа што сите овие производи се од неодамна присутни на пазарите. Не ни одат во прилог ограничувањата кои се наметнуваат на тутунската индустрија за информирање, но треба да се знае дека пред пуштање во продажба, за секој од производите се прават обемни анализи и тестирања, кои траат долго време и постојат докази за нивна помала штетност* кон здравјето на потрошувачите.

    Како компанија, нашата порака е јасна: оние што не пушат – никогаш да не започнат, оние што пушат – да ги охрабриме да се откажат, а за оние што не можат да се откажат и избираат да продолжат да конзумираат никотин  – да обезбедиме помалку штетни* алтернативи засновани на научни истражувања и иновации.

    Инвестираме во истражувања и развој на производи кои не согоруваат тутун и со цел да обезбедиме производи со намалена штетност*. Според различни, независни истражувања, уредите со технологија за загревање и никотински алтернативи можат да играат улога во стратегиите за намалување на штетата.

    Пари: Колкав е економскиот придонес на вашата компанија во Македонија?

    Николовски: British American Tobacco, како и останатите компании од нашата индустрија имаат значително влијание врз економијата и се важен сегмент од бизнис секторот. Како преку бројот на вработени, а особено преку приливите од оваа индустрија кон државниот буџет. Ние сме континуирано во топ 100 компании во државата во однос на прометот, а во текот на 2024 година, уплативме околу 50 милиони евра во државниот буџет преку платени акцизи, царини и даноци.

    Во поглед на бројот на вработени, исто така забележуваме континуиран раст од година во година, постојано вложуваме во обука и развој на нашите вработени, обезбедуваме одлични примања и услови за работа и негуваме култура на искреност, соработка, почитување, доверба и вистинска грижа за потребите на потрошувачите. Иако директно во компанијата имаме околу 25 вработени,  нашите проценки кажуваат дека индиректно даваме поддршка за одржување на околу 1000 работни места во општеството (дистрибуција, малопродажба и други придружни дејности).

    Вреди да се спомене дека на глобално ниво British American Tobacco и оваа година го доби престижното признание за „Top employer“, а признанието треба да се вреднува ако се знае дека на светско ниво се вработени околу 50 илјади лица. И горди сме што сме дел од една таква корпорација од која црпиме богато искуство, знаења и информации како да го подобриме нашето работење, но и како на пазарот да понудиме производи кои се во согласност со регулативите, но и по вкус на консументите.

    Пари: Како се справувате со регулативите и усогласеноста со ЕУ?

    Николовски: Една од нашите клучни вредности во БАТ културата се нарекува „Do the right thing“, a подразбира целосна усогласеност на нашата работа со регулативата во земјите во кои работиме или супранационалните институции. Нашите корпоративни правила знаат да бидат дури и построги во однос на регулативите во некоја од земјите, а речиси не постои земја во светот кадешто работиме а да се корпоративните правила помалку ригорозни од државната регулатива.

    Работиме транспарентно со институциите за да помогнеме во изготвувањето рамка која е усогласена со научните податоци и европската практика.

    Целосно се придржуваме кон националните и меѓународните регулативи.

    Ја поддржуваме потребата од дијалог меѓу компаниите, регулаторите и здравствените институции за создавање рамка која би била заснована на наука, транспарентна и подготвена да се справи со еволутивниот пејзаж на индустријата..

    Многу сериозно ја прифаќаме борбата против малолетничката употреба на тутун и никотински производи преку јасни правила и одговорна продажба и тука сме многу строги кон самите себе. Токму во таа насока би сакал да го споменам нашиот иновативен проект YOTI кој е автентична апликација за систем за верификација на возраст, а кој БАТ годинава го имплементираше во сопствените продажни места на И-новине во Хрватска, а веќе во втората половина на 2025 година се очекува да започне со примена и во БиХ.

    Пари: Кои законски измени би придонеле кон позитивни резултати?

    Николовски: Постои растечка дискусија на повеќе нивоа и во повеќе земји, околу потребата од регулаторна рамка прилагодена за помалку штетните* производи. Во оваа област, како крајна цел треба да се овозможи подобро информирање на потрошувачите, фер конкуренција и законски да се дефинираат прецизно разликите помеѓу различните категории на производи.

    * Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосно префрлување од пушењето цигари.

    Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

    Р.П.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично