ПОВЕЌЕ

    НЕ ПОМАГААТ НИТУ МОЛБИТЕ НИТУ КОНТРАМЕРКИТЕ: Трамп најавува казнени царини за Кина од 104%, Маск го моли да ги преиспита

    Време зa читање: 5 минути

    Милијардерот и близок соработник Илон Маск побарал од Доналд Трамп директно да ги смени царините во текот на викендот, тврди Вашингтон пост. Цитирајќи два извори, медиумот објави дека оваа дискусија помеѓу двајцата го означува најголемото несогласување меѓу извршниот директор на Tesla и американскиот претседател.

    Молбите на Маск уследија по објавувањето на основната царина од 10 отсто од Трамп за целиот увоз во САД и повисоки давачки за десетици други земји минатата недела, пишува американскиот весник.

    Доналд Трамп се закани дека ќе ѝ воведе на Кина дополнителни 50% царини за стоки увезени во САД доколку не ја повлече својата контрацарина од 34%, додека глобалните пазари продолжуваат да паѓаат под влијание на царинската војна која се разгорува.

    Откако Трамп минатата недела објави царини од 34 отсто на кинескиот увоз како дел од неговиот „Ден на ослободувањето“ со кој се постави минимална давачка од 10 отсто за речиси сите трговски партнери на Америка, Пекинг одлучи да одговори со контра-мерки, за разлика од повеќето други земји погодени од повисоки царини, кои се обидуваат да преговараат за олеснувања.

    Заканата „уште еднаш ја разоткрива уценувачката природа на САД“, се вели во соопштението. „Кина никогаш нема да го прифати. Ако САД инсистираат на свој начин, Кина ќе се бори до крај“, објави  коментар кинеското министерство за трговија.

    Во објавата на социјалните мрежи во понеделникот, Трамп ѝ даде рок на Кина до вторник да ја укине својата контрамерка или да се соочи со дополнителна царина од 50%, која би била додадена на веќе постојните 20 и 34 процентни царини, кои САД претходно ги воведе за Кина, што вкупно значи дека Кина би била погодена со 104% високи царински давачки.

    Како одговор, кинеската амбасада во САД го обвини Вашингтон за „економско малтретирање“ и рече дека Пекинг „цврсто ќе ги заштити своите легитимни права и интереси“. Доколку Трамп дејствува на неговата закана, американските компании би можеле да се соочат со вкупна стапка од 104 отсто на кинескиот увоз – како што претставува надополнува од 20 отсто што веќе беа воведени во март и 34 отсто објавени минатата недела.

    Пркосот на Пекинг е дел од, како што се чинеше, внимателно калибрирана доверба од кинеската влада која одлучи да се позиционира како опозициска сила која ќе се спротивстави на она што го нарекува „еднострано малтретирање“ од САД.

    Во текот на викендот, Пекинг испрати јасна порака до домашната публика и странските земји: Кина е добро подготвена да ја преброди трговската војна – и да излезе посилна од другата страна, коментира Си Ен Ен.

    Постојат стравувања дека ова може да ја продлабочи трговската војна меѓу двете најголеми светски економии и глобалните ривали.

    Во својот пост на Truth Social, Трамп исто така предупреди дека „сите разговори со Кина во врска со нивните барани средби со нас [за тарифите] ќе бидат прекинати!

    Исто така во понеделникот, американскиот претседател рече дека не размислува за пауза на глобалните увозни тарифи за да овозможи преговори со други земји. „Ние не го разгледуваме тоа. Имаме многу, многу земји кои доаѓаат да преговараат за договори со нас, и ќе има фер договори“, рече тој.

    Трамп рече дека Кина ја воведе својата контрамерка „и покрај моето предупредување дека секоја земја што ќе им се одмазди на САД со издавање дополнителни царини… веднаш ќе добие нови и значително повисоки царини“.

    Пекинг возврати, велејќи дека „притискањето или заканата кон Кина не е правилен начин за ангажирање“. „Хегемонистичкиот потег на САД во име на „реципроцитет“ им служи на нивните себични интереси на сметка на легитимните интереси на другите земји и ја става „Америка на прво место“ над меѓународните правила“, рече портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју во соопштението. „Ова е типичен потег на унилатерализам, протекционизам и економско малтретирање“.

    Говорејќи од Белата куќа, американскиот претседател рече дека може да има и постојани царини и преговори.

    „Имаме долг од 36 трилиони долари со причина“, рече тој, додавајќи дека САД ќе разговараат со Кина меѓу другите земји за да направат „фер договор и добар договор“. “Сега е Америка на прво место“, рече Трамп.

    Царините би биле голем удар за кинеските производители, за кои САД се клучен пазар за извоз. Главниот извоз на Кина во САД вклучува електрични производи и други машини, компјутери, мебел, играчки, возила и опрема.

    Главниот извоз на САД во Кина се маслодајни семиња и житарки, како и авиони, машини и фармацевтски производи.

    Неизвесноста околу царините доведе до турбулентен ден на светските берзи.

    Пазарите ширум светот паднаа откако Трамп ги објави глобалните царини.

    Вредноста на американските берзи повторно остро падна на отворањето во понеделникот, додека најголемите европски пазари, вклучувајќи го и лондонскиот FTSE 100, затворија повеќе од 4% во минус.

    Индексите на азиските акции паднаа во понеделникот, при што индексот Ханг Сенг во Хонг Конг падна за повеќе од 13%, негов најголем еднодневен пад од 1997 година. Сепак, повеќето покажаа мала корекција во вторникот, при што повеќето берзи се отворија повисоко.

    Маск, кој исто така го предводи американското Министерство за ефикасност на владата, претходно повика на нула царини меѓу САД и Европа.

    Неговата автомобилска компанија Тесла бележи силен пад на кварталната продажба поради реакциите против неговата улога како советник на Трамп. Нејзините акции се тргуваа по 233,29 долари до последното затворање вчера, што е намалување за над 42% од почетокот на годината.

    Маск претходно изјави дека влијанието на царините за автомобили врз Tesla е „значајно“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично