Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Владите и Централните банки во светот ветија дека ќе издвојат 19,5 трилиони американски долари за поддршка на глобалната економија
Според ММФ чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг се зголеми за 15 милијарди долари до септември годинава, на 272 трилиони долари. Речиси две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји, пренесува Ројтерс.
Сепак, како што сметаат во ММФ, и покрај незапамтениот обем и брзите спасувачки мерки кои, меѓудругото, опфатија намалување на даноци, субвенционирање на вработувањата, одобрување на кредити за мали претпријатија и намалување на каматните стапки на рекордно ниски нивоа, глобалната економија ја преживува најтешката рецесија од Големата депресија, пренесува Танјуг.
Учеството на долгот во БДП на земјите во развој достигна скоро 250 проценти во третиот квартал, и 335 проценти во Кина. ММФ предвидува дека до крајот на годината, односот на долг на овие земји кон глобалниот БДП ќе достигне околу 365 проценти.
Во САД, каде расте бројот на случаи со коронавирус, одбивањето на претседателот Доналд Трамп да ја признае победата на Џо Бајден може да ги запре напорите уште еднаш да се донесе голем пакет стимулации.
Во земјата сè уште има околу десет милиони работни места помалку отколку пред да започне пандемијата, а неколку држави воведуваат нови ограничувања за спречување на порастот на бројот на заразени, што дополнително ќе го спрелува опоравувањето. Во исто време, Европската унија (ЕУ) се соочува со внатрешни недоразбирања што може да го одложи конечното одобрување на нејзиниот фонд за зправување со коронавирусот вреден 800 милијарди евра, за кој се водат разговори со месеци и треба да започне на 1 јануари.