ПОВЕЌЕ

    Стојкоски: Изградба на населба за млади, 5 нови детски градинки во општина Ѓорче Петров

    Време зa читање: 2 минути

    Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО- ДПМНЕ,  гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања” на МРТ1, при што истакна два моменти, првиот дека тој не само што ги детектирал проблемите на жителите на општината Ѓорче Петров, туку во изминатите четири години работел на нивно решавање. Вториот момент кој Стојкоски го стипулираше се однесува на тоа дека за време на неговиот мандат општината успеа да се издигне од клинички мртва општина во една респектибилна општина која самата може да инвестира и самата може да ги сервисира сопствените трошоци. 

    Стојкоски во продолжение ги наведе и проектите кои планира да ги реализира во следниот мандатен период од 4 години во општината Ѓорче Петров, како изградба на нови детски градинки, доградба на училишта, како и изградба на населбата за млади и многу други инфраструктурни зафати.

    „Јас ветувам во мојата изборна програма 5 нови детски градинки од кои двете веќе се започнати, едната е во напредната фаза, едната е во почетна фаза на градење, 5 доградби на основни училишта, од кои едното вчера се огради започнува со изградба, 8 училници добиваат учениците во подрачното училиште во Хром”, вели Стојкоски и се надоврза:

    „Предвидувам хумана урбанизација во делот на изградба на населба за млади, каде што лицата ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии до 100м2, сосема нова локација за индивидуално домување, на површина којашто ќе опфати околу 170 локации, потенцијални за градба. Бројни инфраструктурни зафати, пробивање на главни улици со поддршка на Градот: Шарпланиска, Веле Марков, кружен тек на Македонска војска, изградба на системот за подобрување на водоснабдувањето”.

    Стојкоски, на крај додаде дека во новиот буџет на општината е предвидено да се додадат субвенции кои ги таргетираат младите и нивните родители како ученичките стипендии, субвенции за возачки дозволи и еднократна помош за првачиња и полуматуранти.

    „Во новиот буџет ќе бидат додадени сите оние субвенции коишто ги предвидувам за учениците како стипендии, еднократна помош за прваче, за полуматуранти, за субвенционирање на возачки дозволи тоа се проекти со коишто општината Ѓорче Петров во иднина ќе се гордее”, заклучи Стојкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично