фотографија: Телевизија Телма
Стопанската комора смета дека владата задоцнила со мерките за стопанството и поради тоа компаниите претрпеле штети. Претседателот Бранко Азески во вечерашната Топ Тема посочи дека не станува збор за зачување на нивното производство, туку зачување на конкурентноста на компаниите.
НИЕ ИЗГУБИВМЕ НЕПОТРЕБНО ВРЕМЕ, ТОА Е ПРВАТА КОНСТАТАЦИЈА. ВТОРАТА КОНСТАТАЦИЈА Е ДЕКА МОРАМЕ, ПОУЧЕНИ ОД ТОА ИСКУСТВО, ДА ГО ИСКОРИСТИМЕ ПЕРИОДОТ ДО НОВА ГОДИНА, КОЈ ШТО ВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ СТАБИЛЕН, НЕМА ДА ИМАМЕ НЕКОИ СЕРИОЗНИ РЕСТРИКЦИИ, АКО НЕ ДОЈДЕ ДО НЕКОИ ГОЛЕМИ ХАВАРИИ, ЗА ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ЗА ТОЈ ТЕШКИОТ ПЕРИОД ШТО БИ ДОШОЛ ПОСЛЕ ТОА. НА ТАКОВ НАЧИН БИ СЕ ПРЕБРОДИЛ ТОЈ ПЕРИОД ДО ПРОЛЕТТА, КОГА ПАК ЌЕ МОРАМЕ ДА СЕ ПОДГОТВИМЕ ТЕМЕЛНО ЗА ЕДЕН ПОДОЛГ ПЕРИОД, БИДЕЈЌИ Е СОСЕМА ЈАСНО, АКО СЕ ДРУГО Е НЕИЗВЕСНО, ДЕКА ОВАА КРИЗА ЌЕ ПОТРАЕ, РЕЧЕ АЗЕСКИ.
Дека ќе има недостаток од струја Стопанската комора ја предурпедила владата уште во септември 2021 година, вели претседателот Бранко Азески. Оттогаш комората се обидувала континуирано да врши притисок за да ја убеди владата дека треба да интервенира во бизнисот.
НИЕ ВРШЕВМЕ КОНТИНУИРАН ПРИТИСОК ЗА ВООПШТО ДА СЕ РАЗГОВАРА ЗА ТОА ПРАШАЊЕ. А ПОСЛЕ КОГА СЕ ОТВОРИЈА ТЕМИТЕ ИМАШЕ РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА ОКОЛУ ТОА КАКОВ ПРИСТАП ЌЕ СЕ ИМА. ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОДДРЖАТ СИТЕ КОМПАНИИ ИЛИ САМО СЕКТОРИТЕ КОИ ШТО ИМААТ НАЈГОЛЕМА ШТЕТА ОД ТОА, ИЛИ МОРААТ ДА БИДАТ ЗАДРЖАНИ. НИЕ СЕГА СЕ НАОЃАМЕ ВО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ШТО МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ ДЕКА ИМАМЕ ЕДНА ЛЕПЕЗА НА МЕРКИ СО КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА ИНТЕРВЕНИРАМЕ. МЕЃУТОА, ИЗГУБЕНОТО ВРЕМЕ, ИЗГУБЕНИТЕ ПАРИ НА КОМПАНИИТЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ВРАТИМЕ, ТВРДИ АЗЕСКИ.
Според него, државата се довела во ситуација повторно да решава социјални случаи кои што ќе седат дома, наместо да одат на работа преку зголемување на економската активност на стопанските субјекти.
ВАКВИ ИНТЕРВЕНЦИИ КАКО ШТО СЕ ОБИДЕ ДА НАПРАВИ НАШАТА ВЛАДА, МИСЛАМ ДЕКА ОДАТ ВО ПОТТИКНУВАЊЕ НА НЕРАБОТАТА И НА СОЗДАВАЊЕ НА ОГРОМНА АРМИЈА СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ, НАМЕСТО ДА ГО ПОДДРЖИ БИЗНИСОТ, КОЈ ШТО НИВ БИ ГИ АПСОРБИРАЛ, И ПРЕКУ ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ БИ ГО ЗАДРЖАЛ НИВОТО НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ШТО ТРЕБА ДА ГО ИМААТ. ЗА НАС ОД БИЗНИСОТ, ТОА Е ЛОГИЧНА РЕАКЦИЈА, ВЕЛИ АЗЕСКИ.
Вели дека од перспектива на владата, таа треба да разбере дека не може да им удоволи на сите. „Тоа се вика „урамниловка“ и тоа ќе нѐ доведе повторно до неповолна позиција“, смета Азески.
МОРАШ ДА СЕ ОДВАЖИШ ВО ОВОЈ МОМЕНТ И ДА УТВРДИШ ПРИОРИТЕТ. НИЕ БИ САКАЛЕ ВО ОВОЈ МОМЕНТ ТОЈ ПРИОРИТЕТ ДА БИДЕ ПОТТИКНУВАЊЕ НА БИЗИНИСОТ, ЗАРАДИ ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ, НОВИ ВРАБОТУВАЊА, КОИ ШТО ЌЕ ЈА АПСОРБУРААТ СОЦИЈАЛНАТА СТРАНА КОЈА ШТО Е МНОГУ ИЗРАЗЕНА, И ТЕЖИ НА БУЏЕТОТ, И СОЗДАВА ГОЛЕМ ПРИТИСОК И ПРОБЛЕМ, ВЕЛИ АЗЕСКИ.
Азески обвини дека структурата на државата во овој момент повеќе личи на партиска, отколку на државна.
ЗНАЧИ НИЕ НЕ СЛУЧАЈНО НА СТОГОДИШНИНАТА ОД КОМОРАТА ИЗДАДОВМЕ ДЕКЛАРАЦИЈА ВО КОЈ ШТО ПОБАРАВМЕ ПРЕМИНУВАЊЕ ОД ПАРТИСКИТЕ НА ДРЖАВНИТЕ АГЕНДИ. А ДРЖАВНИТЕ АГЕНДИ ЗБОРУВААТ ДА СЕ ТРГНАТ НАСТРАНА СИТЕ ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ ВО ОВОЈ МОМЕНТ, ЗАТОА ШТО ОВА НЕ Е ИГРАЧКА. НИЕ СМЕ ВО КРИЗА ОД 2008 ГОДИНА. ОВА ГО ИСЦРПИ СТОПАНСТВОТО. ПА ТИЕ САМИТЕ ПРИЗНАА ВЧЕРА ДЕКА СМАО КРИЗАТА СО КОВИДОТ НЀ ЧИНЕШЕ 1,2 МИЛИЈАРДИ. ТИЕ ПАРИ ПОСЛЕ НЕКОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПЛАЌА. КАКВА АКУМУЛАЦИЈА ЌЕ СТВАРАМЕ НИЕ, КОЛКУ ТРЕБА ДА СОЗДАВАМЕ ЗА ДА ГИ ПОКРИЕМЕ ТАКВИТЕ ТРОШОЦИ, ЗАПРАША АЗЕСКИ.