Постои погрешна претстава за банкарската индустрија. А тоа е дека стартните вредности на ФинТек се повеќе етички од банките, и дека постои некоја етика која прави разлика помеѓу ФинТек од традиционалните банки.
Според „9 до 5” минатата година Американците платиле 113 милијарди американски долари камати за кредитни картички, што е 50% повеќе од пред пет години. Една статија на Medium.com тврди, ФинТек компаниите се подобри од традиционалните финансиски компании затоа што банките предизвикувачи се фокусираат на обезбедување на податоците на нивните клиенти користејќи технологија.
Традиционалните банки се побавни од предизвикувачките банки, особено околу прашањето за посвојување мерки за безбедност на сајбер-криминалот.
Идејата дека ФинТек компаниите се повеќе етични од финансиките институции е заснована на недоволно докази. Во одбрана на ФинТек, тие се обидуваат да ги поправат своите грешки додека големите банки сè уште покажуваат целосен презир дури и по заработени рекордни казни.
Јасно е дека ФинТек не е само технолошка револуција, туку бран кој донесува етика во основата на банкарството и дава транспарентност. Многумина нема да успеат во ова, но дел од ФинТек компаниите ќе успеат.
Секако дека постојат нови неетички ФинТек компании како што беше случајот со Револут, кој се соочил со „обвиненија за кражба на реклами, измислување податоци, и перење пари. Но, како што викаат, „едно лошо јаболко не го расипува целиот куп.”
Финансиската историја може да не научи дека илјадници етички, транспарентни, чесни и одговорни банки и унии, нема никаква врска со „уништување на целиот финансиски систем“ минатата деценија.
Затоа, прашањето останува, дали стартапите на ФинТек можат да бидат поетички од банките? Потребно е да се разгледа дали автоматизацијата ја намалува етичката свест и одговорност на финансиските професионалци. Бидејки не е спорно дека финансиските податоци откриваат многу за тоа како луѓето дејствуваат во финансиската индустрија, oстанува секој сам да извлечете свој заклучок за одговорот на ова прашање.