ПОВЕЌЕ

    Осигурување Македонија оствари добивка од скоро 1 милион евра

    Време зa читање: 3 минути

    Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп во периодот Јануари -Септември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 58,3 милиони денари. Во истиот период 2019 година финансискиот резултат изнесува 67,4 милиони денари.

    Намалувањето на резултатот се должи на намалување на приходите од деловни активности во однос на приходите во истиот период од 2019 за 3,5%. Трошоците исто така бележат намалување во однос на 2019 година за 2,3%. Намалувањето на приходите од деловни активности се должи на намалената продажба на полиси за одредени класи на осигурување поради пандемијата.

    Проценка на менаџментот за влијанието на новонастанатата состојба предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 

    Поради состојбата предизвикана од пандемијата Covid-19, Осигурување МАКЕДОНИЈА ад Виена Иншуренс Груп се соочи со голем број на интерни и екстерни предизвици.

    Друштвото забележа пад во премијата во класите кои се дирекно поврзани со новонастаната ситуација од пандемијата и тоа патничко осигурување, зелена карта, гранично осигурување, а дополнително и пад во автоодговорност. Во третиот квартал падот се ублажува кај моторните класи но, со последните новонастанати услови се уште не може да се предви развојот на премијата до крајот на годината.

    Друштвото ги идентификува клучните процеси на работењето (издавање на полиси и исплата на надомест на штети) и направи измени и прилагодувања за нивно непречено одвивање.

    За непречено одвивање на работењето на останатите класи на осигурување компанијата овозможи електронско издавање на сите видови на полиси со електронски потпис и електронска пријава и решавање на штети, вклучувајки и целокупна комуникација и документација за штети за најголем број на класи на осигурување.

    Друштвото се адаптира на постоечките услови и превзема брза и ефикасна реорганизација во работењето и мерки, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото.

    Истото е постигнато со:

    • воведување скратено работно време и динамика на вработени во смени (работа во канцеларија и работа од дома,
    •  превземање на сите мерки на претпазливост потребни за заштита и безбедност на вработените во канцеларии.
    • Обезбедување на сите предуслови и инфраструктура од ИТ Сектор – далечинскиот пристап до базата на податоци, веб-пошта, VPN и сл. со цел следење и извршување на секојдневните работни задачи од дома.

    Друштвото во моментот не забележува и не очекува зголемен пораст на обврски по надомест на штети. Друштвото исто така, не очекува зголемен пораст на обврските за договори за реосигурување, бидејќи истите ги следат договорите за осигурување и ја следат динамиката на наплата на премија од страна на Друштвото.

    Наплатата на достасаните побарувања има очекувано намалување за посочениот период. Компанијата работи со клиенти кои се долгогодишни корисници на нејзините услуги. Превземените мерки и активности се во рамките на постоечките процеси и процедури на наплата на премија.

    Најголем ефект во делот на наплатата е кај класите на осигурување поврзани со физички лица, како последица на затварање некои филијали на банките и неможноста на таа категорија на клиенти целосно да се прилагоди на електронско плаќање. Се уште ефектот не е материјален и нема потреба од дополнителни мерки.

    Во делот на приходи од вложување нe се очекуваат материјални движења. Друштвото нема проблеми со солвентноста и ликвидноста. Се превземаат активности со динамиката на исплата на постоечките обврските. Раководството има мандат за спроведување на сите мерки и активности.

    Друштвото има висок износ на задржана добивка и високи резерви за сигурност, како и капитал.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично