Шпаркасе Банка, во соработка со BISTLAB | Balkan Economy and Finance Laboratory и International Balkan University, организираше работилница за финансиска едукација, насочена кон подигнување на финансиската писменост на студентите преку првата и единствена платформа за финансиска едукација на млади – www.vibeonedu.mk.
Презентацијата ја одржаа самостојниот специјалист за лојалност и партнерства, Петар Хаџиев, и Маја Илиоска Златков, самостоен соработник за маркетинг и комуникации. Преку практични примери и интеракција со студентите ги споделија најважните информации за одговорно управување со личните финансии и ја потенцираа значајноста на финансиската едукација.

Во рамки на настанот, претставници на Шпаркасе банка остварија директна комуникација со студентите: Притоа, беа претставени можностите и придобивките од услугите што ги нуди Банката, со посебен фокус на решенијата наменети за младите и корисниците на платформата VibeOn.

Оваа активност е дел од иницијативата на Банката за општествена одговорност #SparkasseLife, кадешто еден од клучните столбови е финансиската едукација на младите. На овој начин, преку едукативни активности, како што се истакнува, Шпаркасе банка придонесува кон создавање финансиски информирана и одговорна млада генерација.
Аналитика








