ПОВЕЌЕ

    Финската премиерка иницира воведување на шестчасовно работно време

    Време зa читање: 2 минути

    Финската премиерка, Сана Марин сака да го намали сегашното осумчасовно работно време на шест часа, тврдејќи дека помалку часови работно време може да се компензира со зголемената продуктивност.

    Марин, која го претстави својот план во говорот на конференцијата на нејзината Социјалдемократска партија, се залагаше за скратување на бројот на работното време дури и пред да стане премиер.

    Богатството кое ја зголемува продуктивноста мора да го сподели не само меѓу сопствениците и инвеститорите, туку и со обичните работници“, истакна Марин.

    Сепак, финската премиерка ќе мора да ги убеди другите четири партии во нејзината коалиција за вакво нешто, особено во време на зголемена невработеност поради пандемијата Ковид-19.

    Треба да смислиме јасени и конкретни чекори за тоа како државата може да се движи во услови на скратено работното време, со цел финските работници да имаат подобар работен век“, рече Марин.

    Како една од најмладите лица на премиерската позиција, Сана Марин ја предводи централно-левичарската Влада од декември минатата година, откако нејзиниот претходник Анти Рине поднесе оставка

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично