ПОВЕЌЕ

    Ексклузивно интервју со г. Цветан Петринин, Претседател на Управниот одбор на Капитал Банка АД Скопје

    Време зa читање: 9 минути

    Г. Петринин своето образование го има стекнато на Бугарскиот Универзитет за домашна и светска економија, каде се здобил со титулата Магистер по меѓународни економски односи, а потоа се дообразовал на реномираниот светски Универзитет за бизнис INSEAD во Франција, Сингапур и УАЕ.

    Пред да дојде на чело на Капитал Банка АД Скопје, тој ја извршувал функцијата на Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на TBI Bank, каде што за период од 5 годишно раководење направил пораст од 20 милиони евра односно успеал од негативно салдо од 4 милиони евра да обезбеди профит од 16 милиони евра.

    Со г. Петринин разговаравме на тема унапредување и реструктуирање на Капитал банка, новини и предизвици во следниот период.

    1. Со ефикасно работење и традиција се формира ново поглавје во банкарската култура, што претставува темел на работењето на вработените во банките при работата со клиентите, акционерите, финансиските аналитичари и останатата јавност. Корпоративното управување се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во банката. На кој начин Капитал банка ја зголемува довербата кај домашните, кај странските инвеститори и кај вработените во последниов период?

    Фокусот на Капитал Банка АД Скопје од почетокот на самото работење на Банката е да обезбеди најдобри услуги за клиентите како за физичките така и за корпоративните клиенти. Веруваме дека услугата кон клиентите е од најголема важност во нивното одлучување и дека искуството на клиентите поврзано со квалитетот на услугата е клучно при изборот која банка да ја користат. Посебен осврт во услугата кон клиентите има упатувањето на нашите вработени за секојдневното работење со клиентите. Согласно, клиентот е ставен во центарот на сите наши производи, процеси и политики. На пример, нашите вработени ги пополнуваат сите потребни документи што ги бара самата банка, а со што ќе им се помогне на клиентите во секојдневното работење со Банката и воедно ќе се обезбеди безгрижно корисничко искуство. Се бара задолжителниот минимум од документација согласно законската регулатива со информации за клиентите, истовремено не барајки од клиентот да ги повтори истите информации во неколку различни документи.

    Барањето на информации се врши на позитивен начин со поставување на релевантни прашања преку активно комуницирање и партнерско работење со клиентите наместо вообичаен начин кој се наметнува, а со што клиентите исполнуваат долги форми на документација со многу, некогаш и бескорисни информации. Банката вложува голем дел од времето, средствата на редовни, дополнитлени обуки на вработените, тим билдинг и корпоративно работење како и зголемување на квалитетот на услугата која ја нуди нашата продажната сила, со цел да ги исполни најголемите очекувања на клиентите.

    2. Во фаза е реализација на реструктуирање на вработените во Капитал банка. Како се одвива тој процес, дали се движите во посакуваната насока и каде ја гледате банката следната година по ова прашање?

    Во последните две години Капитал Банка АД Скопје го смени фокусот на банката од кредитирање на корпоративни клиенти во кредитирање на клиенти физички лица. Портфолиото на физички лица е зголемено повеќе од 37% истовремено одржувајки го корпоративниот сегмент на кредитирањ стабилен. Банката понуди на пазарот палета на нови производи за граганите и особено сме горди на нашиот прв продукт „онлајн“ односно 100% интернет кредити за физички лица,или кредити со аплицирање преку интернет без физичко присуство во Банката,со што ја започнавме дигиталната игра во Банкарството. Тука се и наменските кредити кои веке се препознатлив бренд на Капитал Банка особено поради широката прифатеност од трговците ширум Државата.

    Промените во стратегијата, структурата на бизнисот паралелно беа проследени со промени во Банката а во однос на процесите, производите и фокусот. Дел од кадарот се прилагоди на новите деловни барања, но многумина избраа да продолжат со кариерата надвор од Капитал банка. Топ менаџментот на Банката е целосно променет и ангажирани се нови клучни луге. Со поконзистентна внатрешна култура, засилено корпоративно управување што одговара на стратегискиот развој на банката кон физички лица, сме сигурни дека сме на правиот пат.

    3. Се забележуваат позитивни резултати во целокупното работење на банката. Како дел од членството во Алфа Финанс Холдинг, водечка европска финансиска група во Југоисточна Европа која цели кон достигнување на водечка позиција на Македонскиот пазар, дали ја следите визијата кон која се имате определено?

    Групацијата континуирано ја поддржува Банката во МК. Во последните две години имаше докапитализација од над 2 милиони евра и воедно најавуваме дека истото ќе продолжи и во иднина. Групацијата располага со огромен капацитет во полето на дигитализацијата, ние веќе сме на прагот на целосното дигитализирање на Банката, секако на почеток со најдобите понудени производи од групацијата. Капитал Банка е првата Банка која понуди 100%-ни интернет кредити за што ни помогна големото KNOW-HOW и целосното дигитално работење на групацијата односно тоа беше основата на нашата понуда први на пазарот да понидиме целосно online кредити за физички лица. Истото е обезбедено со дигитални потписи издадени од КИБС за што се уште сме единствената Банка која нуди ваков тип на услуга.

    4. Се зголеми стапката на адекватност на капиталот на Капитал банка, што придонесува до поголема заштита на клиентите на банката. Дали можете да ни кажете каква е моменталната деловна стратегија на банката?

    Капиталот дозволува банката да расте и да може да инвестира во стратешки области. За нас ИТ инфраструктурата е од најголемо значење. Веруваме дека нема иднина на банкарскиот пазар за секој што не е доволно подготвен да се соочи со дигиталните предизвици што ги носат Fintech играчите. Ние посветуваме посебно внимание на трендовите, како на локално така и во Европа, обидувајќи се да бидеме први во спроведувањето на нови производи ориентирани кон услуги.

    5. По промената на менаџментот на Капитал банка, дали кредитното портфолио придружено со управувањето на изворите на финансирање и управувањето на ризиците, ќе ја обезбеди стабилноста и сигурноста на банката и ќе ја зголеми профитабилноста на банката во следниот период?

    Почетокот на 2017 година и во текот на 2018 година посветивме посебно внимание на реструктуирање на корпоративното портфолио. Значително го намаливме ризикот со намалување на просечниот износ на кредити фокусирајќи се на помали кредити со подобро обезбедување. Во моментов имаме многу реномирани клиенти во портфолиото кои ни овозможија да се фокусираме на нови производи и дополнителни услуги и во делот на корпоративно работење. Исто така и овој процес на промена на портфолиото беше придружуван со промена на посточекиот кадар, зголемување и надполнување со професионалци од бизнисот со една цел – максимално исполнување на очекувањата на клиентите.

    6. Јавноста забележува и промени во однос на промовирање на нови иновативни продукти, нова user-friendly интернет-страница и присутност на социјалните мрежи, нови бесконтакни картички, електронско банкарство, наменски и онлајн брзи кредити итн. Нешто повеќе за иновативните продукти што ги воведувате?

    Развојот на технологијата, глобалната дигитализација и модерното банкарство, наметнуваат брз развој, следење на пазарот во секоја минута, како и секојдневните потреби на клиентите. Денес, клиентите бараат услуга достапна веднаш и насекаде. Капитал Банка активно се залага за прилагодување на своите продукти согласно овие потреби на клиентите и од почетокот на оваа година, веќе реализираше неколку проекти со цел да ги направи поатрактивни и достапни своите продукти и услуги.

    Воведовме ново и модерно електронско банкарство за физички лица, платежните картички ги заменивме за нови и ултра функционални бесконтактни картички од брендот на Мастеркард за кои имаме организирано и наградна игра која е во тек, постојано ја прошируваме и мрежата на трговски партнери кај кои граѓаните можат да купуваат на рати само со лична карта директно во продажните места преку нашиот брз наменски кредит, како и онлајн аплицирањето за брзиот кредит кој е се повеќе актуелен и за кој клиентите можат да аплицираат во секое време и од секаде без да доаѓаат во банка. Со оглед на тоа што модернизацијата на технологијата најмногу ја следат и почитуваат младите, Капитал Банка е сé поактивна на социјалните медиуми каде освен промоција на сопствените продукти, навистина се обидува да воспостави една долгорочна интеракција со клиентите и се грижи за финансиската едукација со цел за долгорочна и лојална соработка.

    7. Забележуваме фокус на продажбата свртена кон крајните потрошувачи или т.н. mass-market банкарско работење. Дали ова е фокусот кон кој се стреми Капитал банка?

    Фокусот на Банката е позитивното искуството на клиентите. Ние навистина веруваме дека клиентите треба да се чувствуваат задоволни кога ги користат нашите услуги. Ова особено важи за клиентите – физички лица и затоа тоа е областа во која трошиме дополнителни напори и енергија. Цврсто верувам дека градењето на позитивна слика и лојалност на клиентите ке има значителни придобивки на долг рок. Исто така, крајна цел ни е да обезбедиме услуга на големи групи клиенти со скроени производи за специфични групи на клиенти, а не само за индивидуални клиенти.

    8. Кои се Вашите лични предизвици за просперитетот на Капитал банка во иднина?

    Имам добро искуство во градењето банка од сам почеток во Бугарија како и во Романија. Бев Извршен Директор повеќе од 5 години на ТБИ Банка во Бугарија каде успеав од Банка која нижеше загуби да ја претворам во една од најпрофитабилните банки во Бугарија, која денес опслужуваа стотици илјади индивидуални клиенти како и клиенти МСП.

    Моето убедување е дека неколку елементи / услови се клучни за ваков успешен проект. Првиот е подршката на акционерот – која ја имаме во целост. Вториот е регулаторното опкружување да биде стабилно, а третиот е самиот тим.

    Сè може да се постигне ако Банката има вистински тим соодветно мотивиран да ги постигне целите, да ги сподели вредностите на Банката и нејзините клиенти како и тим со фокус на резултатите. Во 2019 година конечно успеав да направам тим подготвен за поставената задача кој веќе ја стартува Банката на ново ниво на успех.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично